Спанаќот е здрав, но овие категории на луѓе не треба да го јадат

Одамна е познато дека спанаќот е исклучително здрава храна, но често се поврзува со некои негативни приказни, како на пример дека не треба да го загреваме и да го јадеме во големи количини.

Кој мора да го избегнува?
Спанаќот спаѓа во темнозелениот лиснат зеленчук како блитвата, зелената салата, кељот и јагликата. Тоа се намирници кои имаат висока хранлива вредност. Но, точно е дека спанаќот содржи и одредени количини на оксална киселина, која поради високата концентрација на пурини може да создаде проблем кај бубрежно болните, а треба да го избегнуваат луѓето кои имаат гихт, жолчни камења и артритис.

Кога да го јадете?
Спанаќот треба да се јаде веднаш по подготвувањето, бидејќи доколку остане подолго, постои можност да се акумулираат нитрати кои можат да се претворат во непожелни нитрити и на тој начин да доведат до формирање на нитрозамин кој е канцероген. Од тие причини начинот на подготовка на оваа храна е многу важен. Секогаш купувајте свеж спанаќ, внимавајте стеблото и листовите да не се жолти и добро измијте го со ладна вода пред употреба.

Готовиот спанаќ изедете го истиот ден, бидејќи не смее да стои долго или потоа да се загрева. Треба да се приготвува и со млеко – за да се отстрани оксалната киселина која се врзува за калциумот и создава калциум оксалат кој на тој начин се излачува од организмот.

Доколку купите поголема количина спанаќ, ставете го неизмиен во пластична кеса, а потоа во фрижидер. На тој начин ќе остане свеж и ќе ги задржи хранливите материи во следните три до четири дена. Спанаќот можете да го купите и замрзнат бидејќи задржува голема количина на хранливи материи поради брзото замрзнување. И последно, но не и најмалку важно, доколку го користите правилно, овој вкусен зеленчук може да ви даде вистинско богатство на трпезата бидејќи го зајакнува имунитетот и го чисти организмот од токсини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e