Сок кој го намалува ризикот од појава на многу болести

Една чаша од овој сок го одржува здравјето на високо ниво и со негова помош се намалува ризикот од појава на многу болести.

Јаболкото кое го нарекуваат и кралица на овошјата, е вистинска мала ризница на состојки кои позитивно влијаат на нашиот организам – влакна, витамини Ц, А, Е, Б1, Б2, Б6, бета-каротен, калиум, калциум, фосфор, магнезиум и железо. Благодарение на големиот процент на јаглехидрати, особено фруктоза и глукоза, јаболкото го снабдува организмот со енергија, го спречува уморот и губењето на концентрацијата.

Доколку направите домашен сок од јаболка, без додавање на шеќер, ќе добиете вистинска инфузија за здравје. Поради ниската калориска вредност, јаболкото е вистински сојузник во борбата против вишокот килограми. Сокот од јаболко е богат со диететски влакна, а добро е познато дека тие помагаат во регулирање на работата на дигестивниот тракт и ја поттикнуваат работата на метаболизмот.

Со редовната употреба ќе ја нормализирате работата на цревата, па затоа е одлично решение за сите кои патат од гасови и надуеност. Освен тоа, сокот од јаболко му помага на организмот да се ослободи од наталожените токсини и го намалува холестеролот.

Редовното консумирање ќе го зајакне кардиоваскуларниот систем, а покрај тоа е одличен и за анемични лица. Сокот од јаболко го регулира нивото на еритроцити во крвта како и нивото на хемоглобин, и за кратко време ја лекува анемијата.

Поради калциумот, овој сок позитивно влијае и на здравјето на коските.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e