Смути од лубеница и лимон – здрав напиток идеален за топлите денови

Ова освежително смути се прави брзо и лесно и многу освежува.

Лубеницата е одлична состојка за ладно смути. Вкусна е и сочна, но и многу здрава. Поради високата содржина на вода и влакна, консумирањето лубеница поволно влијае на работата на цревата и варењето.

Лубеницата има малку калории, па затоа е одличен сојузник за слабеење.

За ова освежително смути ќе ви требаат:

пет парчиња лубеница исечкана на коцки
половина чаша вода
две лажици јаворов сируп
исцеден голем лимон
банана.
Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер со четвртина шолја вода и изблендирајте.

По потреба разредете со уште малку вода додека мешате.

Истурете го смутито во чаша, украсете со замрзнати коцки лубеница и уживајте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e