Симптоми на недостаток на железо кои го предупредуваат телото и организмот

Минералите имаат големо значење за нашиот организам, а нивната улога е незаменлива за нашето здравје и имунитет.

Меѓу нив, според важноста се издвојува железото.

На нашето тело му е потребно железото поради тоа што со негова помош создава хемоглобин, а со чија помош се пренесува кислородот низ телoто.

Доколку телото не произведува доволно хемоглобин, нашите ткива и мускули не можат да добијат доволно кислород и не работат како што треба, а потоа настанува и општа слабост и замор. Таквата состојба може да доведе и до анемија.

Внимавајте на следните симптоми доколку мислите дека на телото му недостасува железо.

Замор

Најчестиот симптом на недостаток на железо е општ замор на телото. Тоа е така поради недостаток на кислород кој оди до ткивата.

Бледило

Бледило во подрачје на лицето, во пределот на очите, па дури и ноктите може да биде знак на недостаток на железо.

Краток здив

Уште еден знак за недостаток на железо е краткиот здив, со оглед на тоа дека ниското ниво на хемоглобин значи дека телото не е во состојба да пренесе кислород до мускулите и ткивата.

Главоболка и вртоглавици

Тоа може да биде уште еден знак на недостаток на железо. Недостатокот на хемоглобин може да значи недоволно кислород во мозокот, што влијае крвните садови да отечат и создадат притисок.

Сува и оштетена коса и кожа

Косата и кожата можат да добијат помалку кислород од крвта како недостаток на железо, што ги прави посуви и пооштетени.

Немирни нозе

Луѓето коишто патат од анемија како недостаток на железо имаат синдром на немирни нозе што значи имаат силен нагон на поместување на нозете додека се одмараат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e