Симптоми кои откриваат дека нешто не е во ред со тироидната жлезда

Можеби ви се познати некои симптоми на заболувања на тироидната жлезда, но постојат и некои кои не се толку очекувани.

Премногу активна тироидна жлезда предизвикува претерано потење, губење килограми, а можно е из забрзана работа на срцето. Неактивната тироидна жлезда го прави спротивното – може да ви биде студено, да ја зголемите тежината и слично.

Но, постојат и помалку познати симптоми кои откриваат дека нешто не е во ред со тироидната.

Промени во расположението

Често се чувствувате лошо и тажно? Има многу причини за тоа, а една е и проблеми со тироидната жлезда. Депресијата често е од првите симптоми дека нешто не е во ред со неа. Почесто, депресијата се јавува кога тироидната е премногу активна.

Проблеми во бременоста

Истражувањата покажуваат дека нетретираните проблеми со тироидна можат да доведат до проблеми во бременоста, како прееклампсија и зголемен висок притисок кој за првпат се појавува во бременост во комбинација со пронајдени протеини во урина.

Проблеми со менструалниот циклус

Проблемите од овој вид можат да бидат симптом на проблеми со тироидна жлезда. Менструацијата која е многу слаба или обилна, како и нередовна, може да биде еден од овие симптоми. Ако воопшто немате менструација и тоа може да биде симптом. Девојките кои имаат проблеми со тироидна често првата менструација ја добиваат многу рано или многу доцна.

Намалено либидо

Кога работата на штитната жлезда е намалена, истото се случува и со метаболизмот, а токму тој ги контролира органите во телото кои создаваат хормони потребни за сексуална желба.

Пад на косата

Секој ден губиме коса, но ако забележите промени на темето или ако косата станува потенка за тоа може да биде виновна и тироидната жлезда. Обично овој проблем се јавува кај сериозните проблеми со штитна жлезда, а кои траат долго.

Висок крвен притисок

Помалку активна штитна жлезда може да предизвика крвните жили да станат помалку флексибилни што значи дека ќе биде отежнат протокот на крв од срцето до останатите делови на телото. премногу активна тироидна жлезда може да го зголеми крвниот притисок и да се појави аритмија

Запек

Ова е еден од проблемите кои може да биде знак за хипотиреоза, односно премногу често се јавува мека столица ако ги имате другите проблеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e