Овој знак во грлото е на официјалниот список на симптоми.
Симптоми на коронавирус вклучуваат треска, постојана кашлица и губење на мирис и вкус.
Меѓутоа, може да бидете изложени на коронавирусот и само ако имате болно грло.
Еден од клучните знаци е болното грло, односно болки во грлото, што е еден од 11-те симптоми, предупредува Американскиот центар за контрола и спречување на болести.
Ако имате болка во грлото при голтање и го чувствувате изгребано или премногу суво, тоа може да биде аларм дека можеби сте заболени од вирусот.
Во тој случај, изолирајте се и следете ја ситуацијата. Ако се влоши и се појават нови симптоми, јавете се на една од дневните ковид амбуланти за да ве тестираат.