Штолен: Германски божиќен колач по кој полуде целиот свет

Потребни состојки:
500 грама брашно
300 грама суво овошје (суво грозје, кајсии, урми, смокви, цреши, што сакате)
100 грама јаткасти плодови (бадеми и ореви)
100 грама кандирани цитруси
300 грама путер
200 милилитри свежо млеко
150 грама шеќер во прав
50 грама мед
50 милилитри бренди
1 супена лажица мешавина од зачини (ѓумбир, кардамон, каранфилче и ванила)
1 кесичка сув квасец
1 прстофат сол
Ситно исечкајте го сувото овошје и прелијте го со бренди, па оставете го да отстои неколку часа. Загрејте го млекото и додајте 1-2 супени лажици од брашното, медот и квасецот, па оставете го да се активира на топло.

Просејте го останатото брашно. Додајте сол и зачини. Во средина направете вдлабнатина во која ќе го истурите млекото со квасецот. Исечете го путерот на коцки и ставете го околу вдлабнатината.

Месете додека не добиете мазно тесто, постепено додавајте исечкани јаткасти плодови и суво овошје исцедено од течностите. Кога тестото ќе стане двојно поголемо, премесете го уште еднаш. Обликувајте го како штолен (видете на фотографијата) и ставете го во плех обложен со хартија за печење.

Оставете го да нарасне уште еден час, па печете го во претходно загреана рерна на 180 степени. Ако е потребно, покријте го штоленот со алуминиумска фолија за време на печењето за да не изгори.

Премачкајте го готовиот штолен со стопен путер додека е уште топол и наросете го со шеќер во прав. Уживајте!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e