Што се случува со нашето тело кога јадеме луто?

Лутото може да му биде најдобриот сојузник на вашиот организам, но треба да внимавате!

Лутата храна ќе ви помогне да ослабите и да ја одржувате посакуваната тежина. Масните киселини побрзо се топат ако додадете малку лут зачин во секое јадење. Сепак, мора да се напомене дека и покрај тоа мора да вежбате и да се храните здраво. Лутината доведува до тоа енергијата побрзо да се троши и да се намалуваат килограмите.

Многу луѓе имаат големи проблеми со стомакот кога јадат лута храна. Столицата станува цврста, стомакот се дуе, а болките предизвикуваат грчење на целото тело. Интересно е тоа што е докажано дека состојката капсаицин, која се содржи во лутата пиперка, може да помогне при болки во телото. Можеби е контрадикторно, но оваа состојка директно дејствува на болката, така што го лаже нашиот мозок и го принудува да ја игнорира болката.

Луто пиперче

Лекарите предупредуваат луѓето што веќе имаат проблем со варењето или со хемороиди, да одбегнуваат лута храна. Ако стомакот ви е осетлив, лутата храна не е добра идеја. Може да предизвика дијареја, но и гасови.

Додека вие уживате и јадете зачинета храна, вашиот имунолошки систем се зајакнува, така што се збогатува со антиоксиданси, кои се особено корисни во сезоната на вируси и настинки. Во текот на целата година сме изложени на бактерии и вируси, а особено треба да се внимава кога ќе настапи сезоната на грип. Затоа, периодов треба да додадете малку чили во омилените јадења.

Одлично е тоа што ако јадете лута храна, ќе можете да се изборите со желбата за благо. Шеќерот не му најдобар пријател на нашето здравје и мора да се признае дека тешко е да му се одолее. Експертите велат дека зачинетата храна може да ви помогне во тоа и да ви ја намали желбата за благо. Кога ќе јадете луто, потоа нема да ви се јаде ништо слатко. Тоа е уште една причина да го залутите ручекот или вечерата!

Некои луѓе се алергични на лути зачини. Кога јадат луто, потоа може да почувствуваат јадеж на телото или отеченост на лицето. Ако сте алергични, треба да го утврдите тоа и да се посоветувате со лекар. Можеби лутата храна не е за вас и треба да најдете алтернатива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e