Што најмногу ги загрижува научниците кај мајмунските сипаници?

Во последните неколку дена има повеќе од очекуваното случаи на мајмунски сипаници надвор од Африка, што го наметна прашањето дали Светот е пред нова чума. Иако се загрижени бидејќи сè уште немаат објаснување за зголемувањето на бројот на заразени, научниците посочуваат дека мајмунските сипаници не може да се споредат со ковид 19.

Според текстот објавен на страницата nature.com, постојат неколку точки каде што мајмунските сипаници значително се разликуваат од ковид 19. Првенствено мајмунските сипаници, иако предизвикани од вирус што припаѓа на истото семејство како вирусот на големите сипаници, не е толку заразен како SARS-CoV-2.

Зошто мајмунските сипаници не се ковид?

Вирусот на мајмунска сипаница се пренесува од човек на човек или од животно на човек, но потребно е подолго време за да се зарази, што ги става на посебен ризик здравствените работници и родителите кои се грижат за децата.

– За разлика од SARS-Cov-2, кој се пренесува преку аеросоли, мајмунските сипаници се пренесуваат по близок контакт со телесни течности, како што е плунката после кашлање. Ова значи дека лицето со мајмунска сипаница најверојатно ќе зарази помалку со блиски контакти од некој со SARS-CoV-2- се наведува во текстот.

И двата вируса се придружени со слични симптоми – треска, болки во мускулите – меѓутоа, мајмунските сипаници се карактеризираат и со зголемени лимфни јазли и осип кој поминува низ неколку фази. Како што веќе пишувавме во текстот за симптомите и терапијата на мајмунските сипаници, болеста трае до четири недели, а нешто позагрозени се децата и лицата со претходни здравствени проблеми.

Првото истражување покажува дека сојот со кој моментално се заразени во Европа е сличен на сојот што доминира во Западна Африка и за кој обично се вели дека е поблаг, имајќи предвид дека стапката на смртност е околу еден процент. СЗО наведува дека стапката на смртност од мајмунски сипаници е меѓу три и шест проценти.

На крајот, за разлика од ковидот на почетокот, постои вакцина и терапија за мајмунски сипаници, иако ниту едната не е широко достапна.

Бидејќи вирусот што предизвикува мајмунски сипаници припаѓа на истото семејство како вирусот на сипаници, оние кои биле вакцинирани во 1970-тите сега треба да бидат заштитени од мајмунски сипаници.

Има и лекови кои неодамна се регистрирани во Европската агенција за лекови, но не се широко користени.

Нема паника, има загриженост

Иако појавата на мајмунски сипаници не предизвикува прекумерен страв, постои загриженост кај научниците. Главната причина е фактот што засега нема објаснување зошто толку многу случаи на мајмунски сипаници надвор од Африка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e