Што ќе се случи со вашиот организам доколку ја исфрлите солта од исхраната?

Доколку размислувате да го намалите внесувањето на сол во организмот, проверете што се случува во вашето тело кога ќе го исфрлите од исхраната.

Ќе престане да ве боли главата

Доколку патите од мигрена, добра вест е дека исхраната која се базира на низок внес на сол го решава тој проблем. Студиите покажуваат дека намалувањето на внесување на сол доведува до намалување на епизодата мигрена.

Нема повеќе да бидете надуени

За надуеноста има многу причини, а еден од нив е солената храна. Исхраната со висок процент на сол придонесува во задржување на водата. Поради тоа проблемот со надуеноста може да исчезне кога би јаделе помалку сол.

Поретко ќе бидете жедни

Дали сте забележале дека жедта се јавува кога ќе изедете нешто солено? Со внесувањето на течности во телото се подобрува односот на натриум и вода во телото. Кога ќе го намалите внесот на сол, поретко ќе бидете жедни.

Ќе бидете полош спортист

Исхраната без сол има свои недостатоци. Според една студија, консумирањето солени јаткасти плодови може да биде многу корисно за маратонците.

Имено, во истражувањето учествувале две групи спортисти. Првата група внела пијалаци со додаток на сол, а останатите без. Учесниците кои консумирале сол завршиле во трката во просек 26 минути пред оние кои воопшто не консумирале.

Намалување на крвниот притисок

СЗО препорачува внесување сол помалку од пет грама дневно за нормализирање на крвниот притисок. Солта е причина за задржување на водата. Луѓето кои јадат премногу сол имаат вишок вода во телото, што создава притисок на крвните садови и го зголемува крвниот притисок.

Ќе имате помалку шанси да се разболите

Со намалувањето на внесот на сол, но и шеќер во крвта спречувате развој на дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни проблеми. Докажано е дека вишокот натриум поттикнува хипертрофилија на левата комора, како и фиброза во срцето и артериите.

За да се намали ризикот од мозочен удар, непрофитната организација „American Heart Association“ се залага за намалување на натриум во исхраната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e