Што е поздраво, белката или жолчката?

Некои луѓе често јадат јајца така што ја делат белката од жолчката, поради озогласените количини масти, калории и холестерол.
Покрај тоа, со оглед дека белките изобилуваат со протеини, нивното консумирање – одвоено од жолчката, особено е распространето меѓу оние кои професионално или рекреативно се занимаваат со физичка активност.
Што содржи жолчката, а што белката?
Жолчката има повисоко ниво на холестерол и масти од белката, но и поголемо ниво на калциум, железо и магнезиум. Од витамини, најзначаен е големиот процент на витамин А.
Од друга страна, белките се користат во се, од исхрана до нега на кожата. Главно содржат протеини кои помагаат во обновување и раст на мускулното ткиво.
Предностите на белката се очигледни, но не треба да се изостави и жолчката, додека со консумација на цело јајце добивате комплетен оброк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e