Секој седми човек на планетата е зависник од ултра обработена храна

Бисквитите, чипсовите, сладоледите и газираните пијалоци можат да предизвикаат зависност како и алкохолот и цигарите, покажа истражувањето.

Обидот да се откажете од ваквата храна е како да се обидувате да се откажете од пушењето, тврдат научниците, а пренесува Гардијан.

Секогаш кога ќе отвориме кесичка од нашите омилени чипсови, никогаш немаме намера да го изедеме целиот. Понекогаш успеваме да изедеме само половина, а остатокот да го вратиме во шкафот, но отворената кеса сè уште ни е на ум.

Не можеме да се концентрираме на ништо друго додека повторно не ги извадиме и здробиме сите чипсови, лижејќи ја солта од прстите. Неверојатно е вкусно, но веднаш потоа ни е малку лошо и малку се чувствуваме засрамено и се колнеме дека никогаш повеќе нема да го направиме тоа. И порано или подоцна, се разбира дека ќе го направиме тоа.

За некои, тоа може да биде чипс. Можеби омилени се чоколадото, сладоледот или газираните пијалоци, кои толку добро го скокоткаат јазикот.

Овие ултра-обработени намирници, за кои знаеме дека се исклучително штетни за здравјето, се дизајнирани да бидат хипервкусни за непцето и да примамат прејадување.

Истражувачите сега имаат докази и веруваат дека не само што е тешко да им се одолее, туку всушност предизвикуваат прилична зависност.

Научниците од САД, Шпанија и Бразил спровеле 281 студија во 36 земји, а анализата покажала дека 14 отсто од возрасните и 12 отсто од децата се зависници од брзата храна. Целата храна од која биле зависни била ултра-обработена.

Зависноста од храна се мери според критериумите што се користат за алкохол, никотин и други лекови, како што се прекумерно внесување, губење на контрола, желба, континуирана употреба и покрај негативните последици и криза на повлекување.

Научниците веруваат дека зависноста од храна е предизвикана од комбинација на рафинирани јаглехидрати и масти, кои предизвикуваат скок и опаѓање на допаминот во мозокот. Допаминот е невротрансмитер кој ни дава чувство на задоволство.

Високо преработената храна е исто така дизајнирана да се вари брзо и да има адитиви кои го подобруваат нивниот вкус и текстура. Сето ова ја прави хипервкусна и тешко даи се одолее.

Зависноста од храна не е официјално признаена како нарушување и не се лекува. Тие бараат мерки кои би можеле да ја намалат потрошувачката на брза храна, наведувајќи примери за даноци за слатки пијалоци, преформулирање на производите и предупредувања на етикетите.

Зависноста од храна има сериозни последици по физичкото и менталното здравје на луѓето. Децата се особено ранливи кога станува збор за високо преработена храна и треба да бидат заштитени од реклами за овие производи.

Последиците од зависноста од брза храна вклучуваат нервна дисфункција, импулсивност и нерегулирани емоции, како и полошо физичко и ментално здравје и понизок квалитет на живот, велат истражувачите.

Лошата исхрана, која вклучува редовно консумирање на високо преработена храна, сега го надмина тутунот како водечка причина за рана смрт. Научниците ги советуваат луѓето да ги прочитаат состојките на пакувањето и да се запрашаат дали навистина се работи за храна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e