Ќе го обожавате – Рецепт за помфрит од тиквички

Тиквичките често ги јадеме похувани или печени на скара и тоа главно за ручек. Меѓутоа, зошто тоа не би го смениле, па да ги подготвуваме за вечера или појадок?

Тие се здрав зеленчук и се советува да се јадат често. Дали сте ги пробале во облик на помфрит? Извалкани во презла ќе бидат навистина крцкави, а внатре и натаму сочни.

Состојки:
– 2 тиквички;
– 180 грама пченкарно брашно;
– 200 милилитри млеко;
– 250 грама презла;
– 100 грама пармезан;
– 1 лажица мешани зачини;
– 1 лажица мелена пиперка;
– Малку лук во прав;
– Сол и бибер.

Подготовка:
Загрејте ја рерната и плехот во којшто ќе ги распоредите тиквичките обложете го со хартија за печење.

Секоја тиквичка излупете ја и преполовете ја по должина и ширина. Од секое парче исечете стапчиња, налик на помфрит. Оставете да се исцедат.

Во чинија помешајте брашно и млеко. Смесата треба да биде малку поретка од онаа за палачинки. По потреба доколку е густа, додадете млеко.

Во друга чинија помешајте ги пармезан, суви зачини, презла, лукот, слатката пиперка, солта и биберот.

Секое стапче тиквичка прво измачкајте го со млекото и брашното, па во чинијата со другите состојки. Кога ќе ги распоредите во плех, намачкајте ги со масло за јадење.

Печете околу 15-на минути, додека не добијат златна боја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e