Седум знаци дека телото ви страда од токсини

Ние во организмот внесуваме токсини на различни начини, а некои од нив се неизбежни.

Несоница

Несоницата е една од главните последици на акумулирање на токсини во телото. Ако постојано имате проблеми со спиењето, би било добро да го проверите црниот дроб, бидејќи несоница често се поврзува со проблеми во работата на тој орган.

Црниот дроб инаку ги неутрализира токсините, па може да помогне ако во исхраната внесете намирници со сулфур, пред сè, лук.

Главоболки

Постојаните и хронични главоболки можат да бидат знак дека имате премногу токсини во вашето тело. Покрај тоа, акумулираните отрови во телото се една од најчестите причини за главоболки, па обрнете внимание.

Летаргија

Ако се чувствувате летаргично, не би било лошо да размислите за детоксикација. Најдобро што можете да направите е да внесувате повеќе овошје и зеленчук, но пред сèе рана богата со витамин Б, бидејќи е многу важно за менталните функции како концентрација и меморија.

Проблеми со кожата

Последица на акумулирани токсини во телото, може да биде и проблематичната кожа. Кожата е најдобар показател дека нешто не е во ред со телото, бидејќи сè што не е добро, се исфрла на нејзината површина.

Промени на јазикот

Храната што содржи токсини може да ја наруши слузта на дигестивниот систем, вклучувајќи го и јазикот. Ако површината на јазикот е бела или жолта, речиси е сигурно дека дигестивниот тракт се бори со токсини.

Насобирање на масно ткиво на стомакот

Токсините што ги внесувате преку храната и пијалоците, како и токсините кои ги вдишувате, поттикнуваат насобирање на масно ткиво на стомакот. Ова се случува, бидејќи многу токсини кои се задржуват во телото стигнуваат до стомакот и остануваат таму, и може да се отстранат само со детоксикација.

Чувството на топлина

Телото ги исфрла токсините преку потење. Кога има многу наталожени отрови, тоа сè повеќе ќе се бори против нив, па и повеќе ќе се потите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e