Сè повеќе родители му веруваат на ChatGPT за здравјето на своите деца, отколку на лекарите

Едно неодамнешно истражување од Универзитетот во Канзас открива дека ChatGPT добива сè поголема доверба кај родителите кога станува збор за здравјето на нивните деца. Од 116 родители кои учествувале, многумина изјавиле дека не можеле да направат разлика помеѓу содржини генерирани од ChatGPT и совети напишани од медицински експерти, притоа често оценувајќи ги советите од чет-ботот како веродостојни и точни.

Истражувањето, кое било започнато кратко по лансирањето на ChatGPT, се фокусирало на тоа како родителите ги користат ваквите алатки за брз пристап до здравствени информации. Испитаниците добиле здравствени текстови – дел од ChatGPT и дел од доктори – без да знаат кој е авторот. Оценувајќи ги според кредибилитет, точност и експертиза, голем дел од нив ја нагласиле довербата во AI-советите, при што некои изјавиле дека чет-ботовите се „покорисни“ од традиционалните медицински извори.

Калиса Лесли-Милер, истражувач вклучена во студијата, изрази загриженост за овој тренд, објаснувајќи дека AI алатките често создаваат „халуцинирани“ одговори – измислуваат факти или детали кои не се точни. Ова особено е ризично кога станува збор за здравјето на децата, предупредува таа, бидејќи може да доведе до несакани последици. Таа повикува на внимателност и додава дека родителите треба да се консултираат со експерти, особено за чувствителни здравствени информации, без да се потпираат само на дигитални совети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e