Руски научник тврди: Омикрон може да стави крај на пандемијата

Новиот мутиран сој на COVID-19 создаде дополнителен страв поради одбивањето вакцинација, откажа летови, затвори земји, а ја испрати берзата во драстичен пад. Руски виролог тврди дека оваа мутација може всушност да помогне да се стави крај на пандемијата.

Во интервју објавено во понеделникот во московскиот мазагин КП, вирологот Анатолиј Алтштеин од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија – Гамалеја, кој ја разви вакцината Спутник V, вели дека сѐ уште не е јасно колку смртоносна и заразна е новата варијанта именувана како Омикрон. Според него, дури и да се шири побрзо од нејзиниот претходник, позната како Делта, ќе поминат месеци додека Омикрон стане доминантен сој. Дури и да стане доминантен сој, непознато е дало тоа би значело дека Омикрон ќе ја зголеми смртноста.

„Во моментов постојат причини кои нѐ тераат да веруваме дека Омикрон сојот може да биде помалку патоген“, вели вирологот мислејќи на тоа дека овој сој може да предизвикува помалку штетна инфекција.

„Веќе видовме дека Омикрон има многу мутации, повеќе од Делта. Над 30 илјади во еден ген од својот спајк протеин. Ова е премногу, што значи дека вирусот има нестабилен геном. По правило, ваквиот вид на инфекциски агент станува помалку опасен бидејќи според еволуцијата, преголемиот број на мутации води кон слабеење на способноста на вирусот да причинува болест“, Алтштеин ја објаснува науката зад оваа хипотеза.

Доколку ова виролошко правило се покаже како точно, тогаш Омикрон би се покажал смртоносен само кај мал број на случаи, а потоа би станал како и секоја друга сезонска инфекција.

Алтштеин сепак потенцира дека сѐ уште многу малку знаеме за оваа нова варијанта, откриена неодамна од јужноафрикански научници, и дека најдобро ќе биде да бидеме внимателни додека убаво не се проучи.

„Не треба да нѐ плаши тоа што Омикрон брзо се шири, туку тоа што би можела да биде најпатогената варијанта, што би ја направила инфекцијата полоша“, додава тој.

Некои земји, како Јапонија и Израел, воведоа забрани за патувања за сите странски посетители токму поради Омикрон. Русија и без Омикрон има проблем со голем број на заразени, а причина е слабиот процент на вакцинирани, па оттаму размислува за построги рестрикциски мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e