Напитокот е особено добар за оние кои што јадат обилен оброк или пак во текот на диета.
Идеално решение е за прочистување на крвта од маснотии, но и за детоксикација на целото тело.
Потребни состојки:
– 400 грама целер и
– 1 кг. лимон
Подготовка:
Изрендајте 400 грама корен од целер. Додадете 2 литри вода и во тоа изрендајте малку лимонова кора. Варете 20 минути, а потоа оставете да се излади 5-6 часа.
Исцедете 1 килограм лимон и додадете го во вода со изренданиот целер. Процедете ја течноста низ цедилка и ставете ја во стаклено шише.
Овој напиток консумирајте го пред оброк три пати дневно.
Зошто е толку моќен овој напиток?
Поради изобилството на различните корисни состојки, целерот има исклучително лековити својства. Тој ја намалува концентрацијата на лошиот холестерол, триглицеридите, но и го детоксира телото.