Рецепт за риба од рерна готова за 20 минути: Идеален оброк за Бадниковата вечер

Се приближува Бадниковата вечер, а во текот на Божиќниот пост доколку сакате да ја збогатите вашата трпеза со превкусно јадење, тогаш наш предлог е да подготвите риба печена во рерна.

Едноставно се прави, може да се каже дека најтешката работа во нејзината подготовка е да се исчисти, а ниту тоа не е многу комплицирано.

Можете да користите морска или речна риба, а преливот којшто се подготвува на крај ѝ дава посебен и поразличен вкус. На сите ќе им се допадне, а се служи со компир салата или варен зеленчук.

Состојки:
– Риба по желба;
– Лук;
– Лимон;
– Магдонос;
– Зачини.

За прелив:

– Путер;
– Лук;
– Зачини.

Подготовка:
Исчистете ја рибата однадвор и однатре, но не ги отстранувајте главата и опашката. Засечете ја од двете страни на три места.

Внатре наполнете ја со крупно исечкан лук, магдонос и зачини. Заврзете ја со кујнски конец и ставете ја на плех.

Прелијте ја со маслиново масло, посолете, па убаво намачкајте ја. Свртете ја од другата страна, па повторете ја постапката.

Печете 20 минути на 200 степени Целзиусови, оставете ја да отстои 5 минути.

Во тенџере стопете путер и додадете ситно исечкан лук, после 5-10 минути тргнете го путерот од шпорет и додадете зачини. Помешајте, тргнете го конецот од рибата и прелијте ја со путерот.

Пријатно јадење!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e