Рецепт за домашна коцка за супа

Коцката за супа е прилично едноставна за правење, а вкусот може да се прилагоди според вашите желби.

Затоа направете сами домашна коцка за супа по ваш вкус!

Потребни состојки:

– 1 помал компир

– 1 поголем морков

– 1 помала тиквичка

– 1 помала главица кромид

– половина врзоп магдонос

– 100 гр. сол

– 1 лажица масло

Начин на подготовка:

Сите состојки ситно исечкајте ги и ставете ги во тефлонско тавче во кое нема да се залепат за дното. Ставете малку вода и продинстајте сè додека не испари сета течност што ќе ја испушти зеленчукот. Додајте сол и масло и продолжете да мешате уште неколку минути.

Сомелете ги сите состојки и вратете ги во тавче за да се исушат малку. Кога ќе добиете смеса густа како тесто, тргнете го тавчето од оган и распоредете ја смесата на хартија за печење. Од неа направете правоаголник со дебелина од 1 центиметар и замрзнете го 12 часа.

Потоа, исечкајте ја смесата на коцки. Секоја коцка завиткајте ја во хартија за печење и ставете ја во фрижидер – тоа е правилниот начин на нивно чување.

Од оваа смеса се добиваат 9 коцки, а зеленчукот може да се измени по желба и вкус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e