Рецепт за домашен сок од јагоди без конзерванси

Со овој рецепт за домашен сок од сезонските јагоди ќе добиете густ сок без многу шеќер, во поголема количина, совршен за разладување во лето.

Состојки:

5 кг. јагоди
500 гр. кристален шеќер (100гр. на 1 кг. јагоди)
1 лимон
1,5 до 2 литра вода, по желба
Припрема:

Добро измијте ги јагодите, исчистете ги и изблендирајте ги во блендер или со рачен миксер. Ставете ги во поголемо тенџере, додадете ги шеќерот и лимонот, и потоа додавајте вода до посакуваната густина на сокот. Гответе ги така околу 10-тина минути, сѐ додека не почнат повеќе да вријат. Загрејте ги претходно измиените шишиња за сок, и во такви топли шишиња сипете го жешкиот сок. Добро затворете ги и оставете ги да се изладат. Вашиот сок е готов, уживајте!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e