Алкалноста е важна за нашето здравје затоа што клетките во нашето тело мора да ја одржуваат својата природна алкална рамнотежа за да останат здрави. Поради тоа, консумирањето алкална храна може да го подобри општото здравје.
Овој рецепт за алкален сок вклучува високоалкална храна, како морков, краставица, зелка, кељ или спанаќ, лимета и ѓумбир. Исто така е вкусен и лесно може да се вклопи во вашата исхрана.
Што е алкална диета?
Алкалната диета е онаа која има цел да помогне во рамнотежата на pH нивото на течност во вашето тело, вклучувајќи ги и крвта и урината.
Постигнување pH рамнотежа со консумирање алкална диета може да биде од помош во намалување на морбидитетот и морталитетот од бројни хронични болести и заболувања – како што е хипертензија, дијабетес, артритис, недостаток на витамин Д и ниска густина на коските.
Состојки на алкалниот сок
Рецептот за алкален сок секако треба да содржи алкална храна. Свежото овошје и зеленчук најмногу помагаат во алкалноста.
Некои од најдобрите избори се печурките, цитрусите, урмите, сувото-грозје, спанаќот, грејпфрутот, доматите, авокадото, краставицата, кељот, брокулата, лукот, ѓумбирот, зелката, целерот, црвеното јаболко, лубеницата, смоквите, бананите….
Исто така пијалаците направени од зелен зеленчук се преполни со состојки кои формираат алкалии и хлорофил.
Рецепт за алкален сок
Овој рецепт за алкален сок вклучува високоалкална храна – морков, краставица, зелка, кељ или спанаќ, лимета, ѓумбир. Исто така е вкусен и лесно може да се вклопи во вашата исхрана.
Состојки:
– 1 морков;
– 1 мала краставица;
– ¼ главица зелка;
– 1 кељ или спанаќ;
– ½ лимета;
– 1 ѓумбир.
Подготовка:
Додадете ги сите состојки во соковник и направете компактна смеса. Помешајте го сокот и веднаш консумирајте го. Немате соковник? Додадете во состојките плус 200 милилитри вода во електричен блендер. Помешајте и потоа консумирајте.