(РЕЦЕПТ) Пита со јаболко

Пита со јаболко е традиционален десерт, иако е тешко да се утврди од каде ги има своите корени бидејки самото јаболко е распространето овошје.Нашиот рецепт е следниот:

Тесто за пити

-40 грама брашно

-8 грама шеќер

-25 грама путер

-2-3 лажици павлака или млеко

-1 лажица рум малку кора од лимон

Состојки за пополнување на пита од јаболка

-1 кг јаболка

-10 грама ореви

-шеќер по вкус

-цимет по вкус

-1 пакетче ванилин шеќер

Подготовка

Во голем сад се меша брашното, шеќерот и кората од лимон. Во оваа мешавина додадете парчиња путер, темелно се меша со брашното и шеќерот. Додадете рум и млеко за да тестото стане компактно.Треба да се внимава да не стане ниту премногу меко ниту премногу тврдо. Да се подели на два дела за да може полесно да се манипулира со тестото, и да се остави половина час во фрижидер.

Садот се мачка и се става малку брашно. Една половина од тестото намотувајки се поминува низ садот, и внимателно се префрла во садот за печење, посипете го со 5 грама ореви и печете го во загреана рерна на 150 ° C околу 20-30 минути.

Се вади од рерна, од ренданото јаболко полека се цеди вишокот на течност, се става на печените кори, посипете го остатокот од ореви, цимет ванилин шеќер и обичниот шеќер по вкус. Така подготвените јаболка покријте ги со кора од вториот дел од тестото. Горната кора избодете ја со вилушка (на околу 15 места), за да не испуца. Подготвената пита се пече на 175 ° C околу 40 минути. Се сече на коцки (ако се пече во тава) или парчиња (ако се пече во калапи), и во зависност од вкусот посипете со шеќер во прав.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e