Проблеми со бубрезите: 6 симптоми поради кои треба да посетите лекар

Доколку ги забележите овие симптоми, најдобро би било да посетите доктор.

Бубрезите ги филтрираат токсините, па за општото здравје е многу важно тие да работат како што треба.

Раната дијагноза ги зголемува шансите за лекување, па поради тоа важно е да го слушаме своето тело и сигналите кои ни ги испраќа.

Кога бубрезите се загрозени, можат да се појават овие симптоми:
1. Отечени зглобови, стапала, лице

Собирање на течност во организмот е јасен показател дека нешто не е во ред со вашите бубрези поради тоа што тие се главните прочистувачи на течности кои се наоѓаат во организмот. Отекување на некои делови од телото може да укажува на проблеми со бубрезите.

2. Промена во урината

Произведување на урина е една од главните задачи на бубрезите, а секоја промена во бојата или мирисот на урината може да укажува дека нешто не е во ред.

Некои од промените може да се забележат, а тоа се:

– Уринирањето е болно
– Постојат траги од крв во урината
– Уринирањето станува ретко
– Се будите во текот на ноќта по неколку пати за да уринирате

3. Мачнини и повраќање

Кога бубрезите не ги исфрлаат штетните работи од организмот, може да се јави чувство на мачнини. Така телото наоѓа начини да ги исфрли токсините.

4. Постојано чувство на умор

На секој му се случува во текот на денот да биде уморен и слично, и тоа како последица на недоволна количина сон. Меѓутоа уморот некогаш може да биде предизвикан од недостаток на еритропоетин, хормонот кој го лачат бубрезите.

5. Анемија

И анемијата е поврзана со недостатокот на еритропоетинот поради тоа што тој хормон е клучен за произведување на црвените крвни зрнца. Доколку сте анемични, треба да го контролирате и здравјето на бубрезите.

6. Непријатен вкус во устата

Доколку вашите бубрези не ги филтрираат и не ги исфрлаат токсините, тие подоцна се акумулираат во вашето тело. Тоа може да предизвика вкус на метал во вашата уста, како и лош здив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e