Природно и здраво: Домашен сируп за подобрување на крвната слика

Ако сте малаксани и чувствувате замор, време е да ја проверите крвната слика. Но, пред да отидете на лекар, обидете се на природен начин да ја подобрите општата состојба на организмот, односно крвната слика. Следниот сируп ќе ви помогне во тоа.

За да ја подобрите крвната слика, целата количина на овој сируп доволно е да го консумиратепо  два пати текот на годината.

Потребни состојки:

1 kg цвеко

1/2 kg моркови

Сок од еден лимон

2-3 портокали

2 кисели јаболка

1 тегла мед

Подготовка:

Цвеклото, морковот и јаболката излупете ги, исечете ги на помали парчиња, ставете ги во соковник и направете сок.

Од лимонот и портокалот рачно процедете сок и помешајте го со претходниот. На крај додајте тегла мед, најдобро ливадски, затоа што е најлековит.

Измешајте добро додека медот да се соедини со сокот. Количината портокали може дабиде и поголема, затоа што тие се додаваат воглавно поради мирисот и вкусот. Готовиот сируп истурете го во стаклено шише.

Ќе добиете околу 2 литри сируп, што е доволно за 15-20 дена. Од сирупот пијте секое утро на празен желудник, додека да ја потрошите целата количина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e