Природни и ефикасни билки за отстранување на старечките дамки на лицето

Естетскиот проблем можете да го ублажите и отстраните со внимателно одбраните билки: коприва, чуваркуќа и бел галиум (лепавец). Овие билки нудат едноставно решение доколку правилно се употребат со здружени сили.

Старечките пеги се јавуваат од долготрајното дејство на сончевата светлина и секогаш може да се забележат на отворените делови од кожата како што се лицето, вратот и рацете.

Тие претставуваат исклучиво естетски проблем. Со редовно користење и комбинирање на овие неколку рецепти, можете да ги ублажите или дури и целосно да ги избледите старечките пеги:
КОПРИВА: Потребно е да се пие еден литар чај дневно, во текот на целиот ден, во голтки. Чајот го ревитализира организмот и му ја враќа моќта за регенерација. На тој начин и кожата ќе ги регенерира своите оштетени клетки.

ЧУВАРКУЌА: Листовите од чуваркуќа надолжно пресечете ги, па со сокот мачкајте ги пегите. Повторувајте неколкупати дневно, во подолг временски период.

МАСТ ОД БЕЛ ГАЛИУМ (Лепавец): одличен лек против старечки пеги на кожата. Во еден сад загрејте 500 г прочистена свинска маст и додадете 4 полни раце ситно сечкан лепавец. Оставете на оган пет до десет минути. Тргнете од оган и оставете дванаесет часа.

Потоа загрејте само малку колку да се растопи, па процедете. Маста се чува во фрижидер. Ова е исклучително ефикасен лек против пеги и други проблеми на кожата, но не се препорачува да се користи за кожа на лице.

СОК ОД НЕВЕН: Со свежо исцеден сок од невен намачкајте ги дамките (после тоа не смеете да се изложувате на сонце), а во текот на ноќта ставајте облози од истиот сок. Ако третирате пеги на лицето, тогаш добро е лицето да се мие со чај од невен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e