Природен лек за воспалено грло

Отежнато голтање и иритирано и болно грло се најчести симптоми на воспаление, а истите можете да ги олесните со помош на природни лекови.

Овој народен рецепт за лекување на воспалено грло се покажал како особено ефикасен, а потребни ви се само три состојки.

Потребни состојки:
– 250 мл. вода
– 80 гр. мелен ким
– 1 лажичка коњак (или ракија)

Ставете 200 мл. вода во тенџере, додајте го мелениот ким и ставете го на оган да зоврие, а потоа намалете го огнот и оставете да се вари околу 15 минути. Кога смесата ќе стане густа и леплива, додајте уште 50 мл. вода и оставете уште еднаш да зоврие. Тргнете го тенџерето од оган да се излади, а потоа додајте 1 лажичка коњак.

Пијте на секој половина час по 1 супена лажичка, а веќе по 2 часа ќе почувствувате олеснување.

Овој природен лек им се препорачува на сите кои се подложни на чести настинки и честопати имаат воспалено грло и ангина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e