Причина за аутизмот се инфекциите во бременоста, а не вакцините!

Антиваксерите често го поврзуваат аутизмот со ММР вакцините, меѓутоа најновото истражување покажало дека аутизмот се јавува како последица од проблемите кои се случуваат во текот на бременоста.

Многу студии покажуваат дека невакцинираните мајки ги изложуваат своите деца на здравствени опасности и тоа е општо познат факт. Во прилог на тоа, најновата студија извршена во Шведска докажува дека доколку мајката во текот на бременоста доживее било каква инфекција, драстично се зголемува ризикот од оштетување на плодот, а тоа вклучува и појава на аутизам како и појава на депресија.

Истражувањето вклучило речиси 1,8 милиони деца родени помеѓу 1973 и 2014 година, а се анализирала состојбата на мајките во текот на бременоста, како и здравствената состојба на децата. При тоа било утврдено дека некои инфекции кои жената ги добива во текот на бременоста можат значајно да го оштетат мозокот на плодот, предизвикувајќи тешки ментални заболувања во подоцнежниот период од животот, во кои спаѓаат биполарното пореметување, шизофренијата, депресијата и аутизмот.

Ваквото испитување имало далеку поголем опсег од конкретното докажување дека аутизмот не е последица од вакцинацијата. Поради тоа било наведено дека токму менингитисот и пневмонијата кои мајката може да ги добие во текот на бременоста, можат да бидат причинители за наведените пореметувања кај децата.

“Ова истражување покажало дека жената треба да се вакцинира во бременоста, на пример против грип, бидејќи токму со тоа го заштитува своето бебе од оштетување на мозокот”, вели Верена Сенгпил, гинеколог и акушер при универзитетот Готенбург.

Кај 1,8 милиони деца, од кои најстарото доживеало 41 година, е воочено дека мајчиниот имунолошки систем е “одговорен” за нивните проблеми. Имено, децата чии мајки биле хоспитализирани во текот на бременоста имале 79 отсто ризик од развој на аутизам, а 24 отсто од нив имале ризик од појава на депресија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e