Крлежите почнаа да напаѓаат- совети како да се заштитите

Свежата и повисоко израсната трева по ливадите е идеално живеалиште за крлежите.

Крлежите претставуваат вектори, односно пренесувачи на повеќе видови на болести велат лекарите. Овие инсекти доколку се закачат за нашето тело може да ни пренесат болести кои може да го загрозат нашето здравје. Најчесто болести кои ги пренесуваат крлежите се медитеранска треска или лајмска борелиоза, но и други болести.

Лекарите ги советуваат граѓаните доколку планираат во овој период да прошетаат по ливади да се заштитат од крлежи, така што ќе носат светла облека, бидејќи крлежите се темни, односно црни и доколку се закачи на вашата светла облека ќе може полесно да се види и навреме да се одстрани. Исто така, тие советуваат да се носи облека која ќе го покрива секој дел од нашето тело, да не оставаме откриено тело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e