Потенцијални причини поради кои често чувствуваме глад

Прекумерниот глад е знак дека на телото му е потребно повеќе храна, но често е последица на дисбаланс на хормонот за глад кој може да се појави поради различни причини како неправилна исхрана и одредени животни навики.

Ако сте често гладно, би било корисно да ја процените вашата исхрана и стилот на живеење за да видите дали постојат промени кои може да ги направите за да се чувствувате сити.

Овие неколку потенцијални причини поради кои често чувствуваме глад:

1. Избегнувате зелен зеленчук

Зелениот зеленчук е богат со влакна, а недостатокот на влакна може да предизвика чувство на претерана глад.

2. Недоволно протеини

Протеините побавно се разградуваат и затоа со часови не држат сити, поради што е важно да ги внесуваме во доволни количини. Ако не јадете месо, може да ги внесувате преку консумација на грав, грашок, мешунки, јаткасти плодови и семиња.

3. Јадете премногу шеќер

Ако сакате да ја намалите желбата за слатко, тогаш мора да го намалите внесувањето на шеќери.

4. Под голем стрес сте

Ако секојдневно сте под стрес, не треба да ве чуди што чувствувате глад. Зголеменото ниво на стрес го зголемува нивото на шеќер во крвта што може да предизвика постојано чувство на глад.

5. Дехидрирани сте

На ден треба да пиете најмалку 2 литри вода, во некои случаи кога мислите дека сте гладни всушност чувствувате жед. Важно е правилно да го хидрирате телото.

6. Не спиете доволно

Сонот е многу важен за здравјето, особено за правилно функционирање на мозокот и имунолошкиот систем. Доволното спиење е фактот што го контролора апетитот.

7. Вашата исхрана има премалку масти

Консумирањето масти игра клучна улога во одржувањето на чувството на ситост.

8. Вежбате многу

Истражувањата покажаа дека оние кои редовно вежбаат имаат побрз метаболизам, што значи дека во мирување согоруваат повеќе калории од оние кои вежбаат умерено или водат седечки стил на живот.

9. Пиете премногу алкохол

Студиите покажаа дела алкохолот може да ги инхибира хормоните кои го намалуваат апетитот, особено ако се консумира пред или со оброци. Од истата причина може да чувствувате зголемено чувство на глад ако пиете премногу алкохол.

10. Пребрзо јадете

Брзината со која јадете може да влијае на тоа колку сте гладни. Неколку студии покажаа дека оние јадат брзо имаат поголем апетит и склоност да се прејадат во текот на оброк за разлика од оние кои јадат побавно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e