Постои поврзаност меѓу продолжениот ковид и менталните болести

Нова студија покажува дека постои поврзаност помеѓу развојот на продолжениот ковид и ментални болести. Стресот, депресијата и анксиозноста го зголемуваат ризикот од развој на долгорочни симптоми на ковид.

Лицата кои пријавиле некои од овие проблеми пред да се заразат со коронавирусот имале 32 до 46 отсто поголем ризик од развој на продолжен ковид отколку луѓето кои ги немале овие проблеми, покажуваат резултатите од новото американско истражување, пренесува Health.

Според резултатите, менталните болести можат да влијаат на физичките симптоми на ковид.

Меѓу испитаниците кои развиле пост-ковид синдром, повеќе од 40 проценти немале никакви симптоми на почетокот.

Симптомите на пост-ковид се различни од симптомите на ментални болести. Иако замор може да се појави со депресија, проблемите со мирисот и вкусот, отежнато дишење и кашлањето не се вообичаени симптоми на ментална болест.

Истражувачите истакнуваат дека претходните истражувања покажале дека состојбите на менталното здравје се поврзани со подолго траење на акутни респираторни инфекции, како што се грип или настинка.

Исто така, постојат докази за кои тие велат дека покажуваат дека некои луѓе со ментални здравствени проблеми понекогаш развиваат автоантитела кои исто така се поврзани со зголемен ризик од продолжен ковид. Но, потребни се повеќе истражувања, велат тие, за тоа како психолошкиот стрес го зголемува ризикот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e