Ситните колачи вообичаено се најпопуларниот дел од славската трпеза, а доколку имате посно мени за слава, овие одлично ќе се вклопат.
Посните ситни колачи се ѕвезда на секое славско послужување, а сè попопуларни се и во веганската кујна која ни дава можност да го збогатиме менито со нив.
Доколку одлучите да подготвувате лимон-бомбици, нема да ви биде потребно многу време за подготовка, како ниту рерна, миксер, шеќер…
Состојки:
– 1 шолја кокосово брашно;
– 2 лажици мед;
– 2 лажици кокосово масло;
– ½ шолја ситно исечкани бадеми;
– Сок од еден лимон;
– 2 лажици мед;
– Прстофат куркума;
– Ливчиња свежо нане.
Подготовка:
Ставете го во блендер кокосовото масло, бадемите и медот, па мешајте една минута. Потоа додадете лимонов сок и малку куркума и продолжете да блендирате сè додека не добиете хомогена смеса.
Потоа направете топчиња и валкајте ги во кокосовото брашно, па оставете ги да отстојат во фрижидер преку ноќ.
Украсете со ливчиња нане пред да ги сервирате.