Порнографијата е опасна по јавното здравје, експертите загрижени

Сенатот на Аризона оваа недела ја одобрил резолуцијата со која се повикува на систематски одговор во спречување на изложување на порнографија, која е се подостапна за младите деца на интернет.

Голем број на сојузни држави во САД започнале постапка за прогласување на порнографијата за опасна по јавното здравје, што предизвикало загриженост меѓу некои експерти, кои велат дека со тоа се оди предалеку и дека таквата одлука носи ризици.

Најмалку едно од законодавните тела усвоило слична резолуција во 15 други сојузни држави, наведува AP. “Тоа е епидемија во нашето општество и од тоа произлегува ставот дека станува збор за проблем”, рекла сенаторката на Аризона, Силвија Ален, републиканка која ја обвинила порнографијата за придонесот врз насилиството над жени, сексуалното насилство меѓу тинејџерите и несаканите бремености.

Резолуцијата која е донесена во понеделникот не ја забранува порнографијата, ниту од неа произлегуваат било какви други законски промени, но може да навести идни законски акции.

Слични декларации се донесени во државите во кои републиканците имаат мнозинство, од Тенеси до Монтана, и усвоени на национални платформи на Републиканската партија. Многу од овие резолуции се засновани на модел кој го направил Националниот центар за сексуално искористување, антипорнографска невладина организација, која како потврда за своите тврдења го наведува истражувањето кое порнографијата ја поврзува со низа проблеми и за неа вели дека станала премногу присутна за да можат поединците сами да се изборат против неа.

Меѓутоа, други велат дека означувањето на порнографијата како јавна опасност е погрешен пристап. “Истражувањето го поставило прашањето за ефектот на експлицитниот материјал на мали деца, но врската на порнографијата со трговијата на луѓе на пример, е многу слаба”, вели Емили Ротман, професорка на катедрата за јавно здравје на Бостонскиот универзитет.

“Резолуцијата ризикува стигматизација на маргинализираните групи како што е ЛГБТ популацијата и води кон пропуштање на клучниот дел на сложувалката, така што ќе се пропуштат клучните повици за поголемо сексуално образование на тинејџерите”, додала таа и нагласила дека “порнографијата не е исто што и смртоносен вирус. Ако се удрите во прст тоа може да не е нешто што сами го решавате, но тоа не претставува проблем за јавното здравје”, заклучила Емили Ротман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e