Полнети тиквички со сирење

Сезоната на тиквички веќе одамна е започната, па затоа денес ви нудиме една поинаква идеја за ручек.

Потребни со:

4 тиквици

3 јајца

300гр сирење

по желба малку кашкавал за наросување

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Тиквичките добро се мијат и се сечат на половина по должина.

Секој дел се издлабува, да се добие брод. Издлабената смеса се сече на ситни парчиња и се остава настрана.

Јајцата добро се матат и се додава малку сол.

Сирењето се ренда и се става во смесата со јајцата.

Тиквичките се полнат со подготвената смеса и се редат во тава.

По желба може да се попрскаат со малку кашкавал.

Се полева со масло и вода.

Се пече во загреана рерна на 200 степени 40 минути.

Се јадат студени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e