Подготовки за на плажа – Како да ги спречите стриите?

Првите стрии ги добиваме во пубертетот. Ненадејниот раст преку лето (во висина и ширина) или губењето на тежина предизвикува појава на стрии. Како млади можат многу да не вознемируваат, особено кога се сончаме во лето, што ги прави повидливи на исончаната кожа. Но, тие само нас ни пречат, никој друг не ги забележува или барем не го споменува тоа и никој нема реакција како Ким кога ги виде стриите на стомакот на Кортни: „Тоа е најголемиот страв во мојот живот! Можев да плачам!“

Стриите дефинитивно не се нешто вредно за солзи. Тие се јавуваат поради нагло истегнување или затегнување на кожата, додека растеме, со нагло зголемување или губење на тежината, нагло формирање на мускули поради вежбање, поставување имплант или бременост. Нивниот интензитет зависи од различни фактори – од генетика до нивото на стрес на кожата, а може да влијае и на нивото на хормонот кортизол, кој може да ја ослаби еластичноста на кожата.

Како да ги спречите стриите?

За спречување на стрии, експертите препорачуваат здрава и урамнотежена исхрана, избегнување на нагло слабеење или зголемување на телесната тежина и редовна хидратација на кожата. Кремите со витамините Е, Ц и А, керамидите и природните масла од шеа и јојоба можат да помогнат во спречување на стрии, но тие не се гаранција.

Дали е можно да се ослободите од нив?

Откако ќе ги добиеме, невозможно е да се ослободиме од нив, но можеме да ја намалиме нивната видливост. Тогаш технологијата стапува во игра: ласерски третмани, микродермоабразија, ултразвук, радиофреквенција и хемиски пилинг се она што можеме да го искористиме за да се обидеме да се бориме со стриите.

Но, дали воопшто мораме? На крајот на денот, важно е да се чувствувате добро во вашата кожа. На некои можеби ќе им помогнат третманите, а некои гордо ќе ги носат своите „риги“ како видлив потсетник дека нашето тело, како и нас, се менува со текот на времето и тоа е сосема во ред.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e