Пијалак за детоксикација: Брусница за чистење на организмот

На сите нас ни е потребна детоксикација на организмот. Потребно е да го прочистиме телото од сите штетни супстанци кои ги внесуваме во нас преку храната, пијалоците но и преку воздухот. Најбрз начин да извршиме детоксикација е со пијалоци кои можеме да ги направиме дома. Подолу прочитајте како да направите пијалок од брусница кој ќе изврши детоксикација на вашиот организам.

Брусница

Брусницата преставува моќен антиоксиданс, освен тоа овој плод е извор на витамин Ц, минерали, органски киселини, шеќер, билни влакна. Хипуричната киселина која се наоѓа во брусницата е еден од најдобрите природни антибиотици.

Потребни состојки

2 литра вода од брусница

пола лажица мелен цимет

1/4 лажица ситно рендан ѓумбир

1/4 лажица морски оревчиња

пола шоља свежо цеден сок од портокал

1/4 шоља свежо цеден сок од лимон

Подготовка

Водата од брусница ставете ја да проврие, и на намалена температура додадете ги зачините. Гответе на тивок оган уште 15 минути по додавањето на зачините. После тоа оставете ја течноста да се олади на собна температура. На оладената течност додадете и ги соковите од портокал и лимон и ставете ја во фрижидер да се лади.

Додатен совет

За детоксикацијата да има прав ефект неопходно е да го промените вашиот режим на исхрана и тоа само на 7 дена. Јадете што повеќе овошје и зеленчук, пијте што повеќе вода и така ќе ги прочистите цревата. 8миот ден се препорачува пост кој подразбира конзумирање само на вода и пијалок за детоксикација. После тоа постепено вратете се на вообичаената исхрана

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e