Пет здравствени проблеми кои не би требало да ги лекувате сами

Ова се петте здравствени проблеми кои не би требало да ги лечите самите дома. Доколку сте почувствувале некој од овие здравствени проблеми самолекувањето е недозволено, односно непрепорачливо, најдобро е да посетите лекар.

Константна главоболка

Доколку постојано ве боли глава, можеби станува збор за обична мигрена, но можеби сепак во прашање е нешто посериозно. Доколку овој проблем ве мачи подолго време, а главоболката е проследена од температури и вкочанет врат, без одложување посетете лекар. Без да ве преплашуваме, но мозочниот удар е само една од опасностите на кои може да укажуваат ваквите симптоми.

Полово пренослива болест

Доколку забележите било каков необичен израсток, чешање, печење или некои чудни секрети на градите или половиот орган кои се проследени од висока температура или болка, брзата дијагноза би можела да ви ги спаси репродуктивните органи.

Хронична несоница

Голем дел од популацијата несоницата ја лечи со таблетки за спиење, меѓутоа тие не ја решаваат суштината на проблемот, туку само симптомите. Пред се, во просторијата во која спиете минимизирајте го ефектот на сите извори на светлина и бучава (компјутер, телевизор, радио). Ако ова не помогне и ако медикаментите ви се најдобриот пријател, посетете доктор.

Инфекција на уринарниот тракт

Сокот од брусница е одличен за здравјето на уринарниот тракт, но за инфекцијата не е доволно добар. Ако станува збор за бактериско воспаление, обратете се на доктор кој ќе постави соодветна дијагноза и ќе ви препише антибиотици. Не заборавајте: доколку не се лечи на време, ваквата инфекција може да доведе до потешки болести на бубрезите.

Депресивно расположение

Ако хронично лошото расположение ве спречува нормално да живеете, разговорот со пријателите помага, но често не е доволен. Луѓето треба да сфатат дека посетата на психолог или психијатар е сосема нормална, како посета на било кој друг доктор. Запомнете: подобро е проблемот да биде отстранет на време, отколку подоцна да треба да се носите со последиците на истиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e