Печен кромид – за рани, хемороиди, притисок и дијабет

Кромидот има силно антибактериско дејство. Свежиот кромид со мед се користи за лекување бронхитис и воспаление на белите дробови и го ублажува нападот на кашлица. Исцедениот кромид помага за болка во ушите и може дури и да се нанесе на нозете за да ја намали телесната температура.
Но, малкумина знаат колку е корисен печениот кромид кој за време на термичката обработка не ги губи својствата.
Печениот кромид ќе ви помогне да се изборите со долготрајните рани така што ќе го ставите директно на раната. Доколку почувствувате некои болки, ставете топол, печен кромид на проблематичното место во времетраење од 20 минути. Болката брзо ќе исчезне.

Дури и хемороидите можат да се излечат со печен кромид. Печениот кромид треба да се консумира што почесто за да се спречи згрутчување на крвта, а со самото тоа и срцев удар или шлог. Тој го регулира дијабетесот, па докторите го препорачуваат во секојдневната исхрана. Кромидот можете да го јадете како додаток во јадењата, но најделотворен е кога го јадете на празен стомак.
Ефектот на ваквата примена на кромидот е видлив по само недела дена, а сè благодарение на сулфурот и железото кои се наоѓаат во него. Таквиот кромид ќе помогне во нормализација на глукозата во крвта, за правилно функционирање на панкреасот и црниот дроб.
Со консумирањето на печениот кромид се подобрува состојбата на пациентите со хипертензија и атеросклероза. Кромидот им помага на крвните садови да се прочистат и да се ослободат од вишокот наслаги.
По печењето во рерна, кромидот ослободува есенцијални масла кои ѝ даваат специфичен мирис и вкус на оваа намирница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e