Пченка – безглутенски извор на витамини и антиоксиданси

Пченката е житна култура одлично успева во нашите краишта, па може да ја јадете сезонски, свежа и домашно произведена.

Здравствените предности на пченката се многубројни. Покрај тоа што не содржи глутен, пченката е и добар извор на растителни влакна – половина од едно парче содржи околу три грама растителни влакна.

Помага во борбата против високиот холестерол и го регулира крвниот притисок. Богата е со витамин Ц, магнезиум, Б витамини, а здрава е затоа што има многу малку маснотии – помалку од еден грам во едно клавче.

Витаминот Ц е важен за обновување на клетките. како и за силен имунитет, но тој е добар еликсир и против стареење. Б-витамините се важни за енергијата на метаболизмот, додека магнезиумот е одличен за нервниот систем и контракции во мускулите. Пченката, исто така, е богата и со антиоксиданси, кои се од исклучителна важност за здравјето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e