Овој витамин ќе ви помогне да имате рамен стомак

Сите сме свесни дека мастите на стомакот се таложат поради прејадување и недоволна физичка активност. Но, научниците тврдат дека ова може да биде предизвикано и поради недостаток на витамини. Ако не можете да се ослободите од салото на стомакот дури и кога внимавате на исхраната и вежбате редовно, најверојатно ви недостасува витамин Д.

Студиите покажаа дека луѓето кои имаат вишок сало на стомакот имаат недостаток на витамин Д. Овој витамин е важен во борбата против остеопороза и го подобрува расположението, исто така е потребен за слабеење односно за топење од салото на стомакот.

Витаминот Д најдобро се внесува во летен период, а во зимските месеци треба да пиете суплементи бидејќи овој витамин го нема во многу видови на храна. Единствениот начин да утврдите дали имате недостаток е да направите лабораториско тестирање.

Ако ви недостасува витамин Д, освен сало на стомакот ќе имате и проблеми со имунитет, депресија, анксиозност, хроничен умор, губење на коса како и болки во мускулите.

За да го избегнете сето ова, погрижете се во летниот период да бидете на сонце и да јадете многу јајца, печурки, риба и да пиете млеко. Пред да пиете витамин Д посоветувајте се со вашиот лекар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e