Овој сладолед може да биде „темпирана бомба“ за вашиот организам

Бидете внимателни при изборот на омиленото уживање

Речиси е невозможно да се преживее екстремната топлина без сладолед.

Но, лекарите предупредуваат дека треба да бидете многу внимателни при изборот на омиленото ледено задоволство.

Имено, природниот сладолед треба да се состои од млечни масти, млеко и (овошен) шеќер, истакнуваат експертите!

За жал, повеќето сладоледи не се направени од природни состојки, туку од вештачки адитиви и засилувачи на вкус кои го претвораат овој деликатес практично во „хемиска бомба“.

Според експертите, голем број производители на сладолед штедат на материјали, па наместо полномасни млечни производи и овошен шеќер, користат поевтини состојки. Значи, млечната маст се заменува со растителна маст, кравјото млеко со млеко во прав, а растителниот шеќер со поевтина варијанта.

Кој сладолед е најштетен?

За да се подобри вкусот и рокот на траење на сладоледот се користат различни адитиви од кои најпопуларни се конзервансите и засилувачите на вкус, предупредуваат нутриционистите и додаваат дека наместо вкусен и здрав десерт добиваме „хемиска бомба“ како финален производ.

Затоа секогаш треба да внимавате на составот на производот, особено ако избирате десерт за дете.

„Најдобро, најздраво и најбезопасно за вашата фигура и здравје е да изберете сладолед направен од природни млечни производи“, советуваат нутриционистите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e