Овој чај ќе ви помогне доколку имате проблем со главоболки, анксиозност и несоница

Чајот од лаванда делува како седатив, а им се препорачува на лицата кои имаат проблем со главоболки, анксиозност и несоница.

Подготвувањето на овој чај е едноставно, а во продолжение прочитајте повеќе за придобивките од неговото консумирање.

Мигренски главоболки – мирисот на лавандата делува како седатив и има смирувачки ефект. Чајот од лаванда може да помогне во излекувањето на мигренските главоболки затоа што помага за опуштање на крвните жили, малите мускули во вратот и околу очите.

Несоница и исцрпеност – шолја чај од лаванда пред спиење може да ви помогне полесно да заспиете затоа што лавандата го смирува нервниот систем и го намалува нивото на стрес.

Депресија и анксиозност – лавандата може да ги редуцира стресот и анксиозноста, како и да го подобри расположението. Исто така, лавандата ја поттикнува релаксацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e