Овие знаци покажуваат дека треба да се движите повеќе

Исклучително е важно тело да ни биде активно и да се движиме доволно. Вежбајте јога, танцувајте дома, одете на прошетка – секоја физичка активност е пожелна. Ако не се движите доволно, телото ќе ве предупреди за тоа.

Овие седум знаци покажуваат дека треба да се движите повеќе.

1. Постојано сте уморни

Постојано сте уморни, иако се храните здраво и спиете доволно. Ова покажува дека треба да се движите повеќе. Само 20 минути умерено вежбање во текот на денот значително ја зголемува енергијата и го намалува заморот.

2. Одеднаш почнувате да чувствувате болка

Дали забележавте дека некои делови од вашето тело одеднаш почнуваат да ве болат – грбот, коленото, рамената? Обидете се да бидете поактивни за да спречите ненадејни болки во телото.

Движењето на мускулите, релаксацијата на зглобовите и протокот на крв во сите делови на телото може да ги ублажат болките во телото.

3. Под стрес сте

Луѓето се загрижени за финансиите, политиката, преплавени се со разни информации од медиумите, и сето ова може да го зголеми нивото на стрес. Високото ниво на стрес не е добро за нашето здравје.

Сепак, само одење, трчање, па дури и правење „чучњеви“околу 30 минути три до четири пати неделно, може значително да ја намали анксиозноста и да има поволно дејство на телото.

4. Проблеми со хормони

Вежбањето е одличен начин за регулирање на хормоните. Физичката активност има позитивен ефект врз нивото на тестостерон, што е од суштинско значење за одржување на здравјето на мускулите. Зголеменото ниво на тестостерон, исто така, помага во одржувањето на метаболизмот и се од суштинско значење за правилно функционирање на мозочните функции.

5. Проблеми со варењето

Само 30 минути трчање или пешачење ќе ви го зголеми апетитот пред вечера, но ќе ви помогне побрзо да го сварите оброкот.

Аеробните вежби го забрзуваат дишењето и отчукувањата на срцето, што пак ја подобрува цревната мускулна контракција. Како резултат на тоа, варената храна поминува побрзо низ цревата и го напушта телото, намалувајќи го ризикот од запек.

6. Тешко ви е да си го менаџирате времето

Можеби сте забележале дека поради огромните обврски што ги имате, помалку сте способни да си го менаџирате времето и постојано сте преплавени со обврски. Но, вежбањето може да помогне. Фокусирајте се на вежбање за да престанете да размислувате за работа и други воспоставени навики.

7. Имате проблеми со спиењето

Ако ви е тешко да заспиете кога легнувате или често се будите ноќе, обидете се да бидете поактивни во текот на денот, пишува The Healthy. Истражувањата покажаа дека вежбањето го подобрува сонот кај луѓето кои патат од инсомнија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e