Овие навики го уништуваат здравјето и го намалуваат имунитетот

Повеќето од нас го прават ова секојдневно

Толку многу слушаме за шеќерот во исхраната, кој влијае негативно врз многу функции на нашиот организам, но знаете ли дека тој не е најлошото нешто што секојдневно му го правиме на своето тело?

Докторите предупредуваат дека некои лоши навики можат да нè направат поранливи и помалку отпорни на вируси, па токму тие можат да доведат до кобни последици.

Постојат дури пет навики што повеќето од нас секојдневно ги прават, а кои го уништуваат нашето здравје и ни ја црпат енергијата. Внимателно прочитајте го текстот и обидете се да ги искорените овие лоши навики еднаш засекогаш…

1. Недоволна хидратација

Доволната количина на вода е од суштинско значење за варењето, за апсорпцијата на хранливи материи, за исфрлање на штетниот отпад од телото и за други метаболички процеси. На нашето тело всушност му требаат 30 мл вода по килограм од нашата маса.

2. Премалку сон

Редовниот сон е важен за имунитетот и за менталното здравје и ако не спиете доволно, ризикувате да ви се појават низа здравствени проблеми. Тука спаѓаат срцеви заболувања, деменција, а оваа навика го зголемува и ризикот од појава на одредени видови карциноми.

3. Премногу седење

Движењето е исклучително важно за телото, без разлика дали редовно тренирате или само шетате половина час дневно. Ако ја прескокнувате физичката активност, никако не му правите услуга на вашето тело. Отсуството од физичка активност доведува до дебелеење, а потоа и до појава на болести, како што се дијабетес и кардиоваскуларни заболувања.

4. Стрес

Животот не е секогаш лесен, но нема да ви биде полесен ако се грижите за секоја ситница. Постојаниот стрес доведува до хронични воспаленија во телото, кои потоа поттикнуваат многу заболувања. Едно истражување спроведено на Харвард покажало дека продолжениот стрес ги скратува теломерите, структури во клетките во кои се наоѓа ДНК. Кога теломерите премногу ќе се скратат, клетките изумираат и се зголемува ризикот од болести.

5. Осаменост

Бројни истражувања покажале дека осаменоста може да има негативно влијание врз здравјето. Можеби ќе се зачудите, но според некои од нив, хроничната осаменост што нè тишти има ист ефект како 15 испушени цигари дневно! Според едно истражување спроведено во Финска, луѓето што биле осамени цели две децении имале поголеми шанси не само да заболат од карцином, туку и да починат од него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e