Овие намирници го исфрлаат никотинот од организмот

Без оглед на тоа дали сте успеале да се одвикнете од пушењето или допрва планирате да го направите тоа, детоксикацијата е одлична идеја.

Овие намирници имаат одлично влијание и се препорачуваат за детоксикација по пушење.

Сок од цеден портокал

Ова е многу ефикасен домашен лек за исфрлување на никотинот од организмот, особено за оние кои сакаат да престанат со пушењето.

Брокули

Нивото на никотин во организмот може да се намали и така што ќе јадете брокули. Овој зелен зеленчук е богат со витамините Б5 и Ц кои ефикасно ќе ги заменат витамините кои се губат при пушењето цигари.

Сок од моркови

Кога ќе влезе во организмот, никотинот влегува во крвотокот и во телото се задржува три дена. Сокот од моркови може да го намали негативното влијание на цигарите на организмот. Овој напиток е богат со витамините А, Ц, К, и Б кои се ефикасни во исфрлувањето на токсините од телото.

Вода

Водата може да ги исфрли речиси сите штетни материи од организмот, вклучувајќи го и никотинот. Ако дневно внесувате по 8 чаши вода, можете значително да го намалите негативното влијание на пушењето. На обичната вода можете да и додадете неколку кришки лимон или портокал со цел да и го подобрите вкусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e