Оваа промена на кожата покажува дека имате проблем со црниот дроб

Ако го забележите овој знак, задолжително одете на лекар

Без здрав црн дроб, нема ни добро здравје, сите доктори се согласуваат. За да го сочуваме организмот, неопходно е да внимаваме на овој многу важен орган.

Со секојдневните навики несвесно го уништуваме црниот дроб. Доколку внесувате премногу шеќер, алкохол или сте качиле неколку килограми, сето тоа го зголемува ризикот од заболен црн дроб. Ако не сте сигурни дали овој орган ви е во добра состојба, обрнете внимание на овој симптом.

Според експертите, ако навечер чувствувате јадеж, што побрзо проверете го црниот дроб. Јадежот е поврзан со заболувања на црниот дроб, а има тенденција да се влошува доцна навечер и во текот на ноќта.

Според доктор Венди Холанд, една од задачите на црниот дроб е да ги разложува и излачува супстанциите што не му се потребни на вашето телот и тоа преку жолчката.

„Ако тоа не успее, од која било причина, следниот орган што ќе се обиде да се ослободи од жолчните соли е кожата. Така се појавува јадеж“, објаснува Холанд.

Како да препознаете дали проблемот е токму во црниот дроб? Јадежот поврзан со заболување на црниот дроб не предизвикува осип и најчесто се појавува на дланките и на табаните.

„Осипот поврзан со заболување на црниот дроб главно ги погодува екстремитетите, особено дланките и табаните“, објаснува докторката Лин Постон.

„Обично се влошува навечер и како последица на горештина, за време на менструалниот циклус, ако земате хормонска терапија, бремени сте или кожата ви била во контакт со волна.“

Други симптоми што укажуваат дека црниот дроб е загрозен:

Болка во стомакот
Повраќање
Жолта кожа
Замор
Проблеми со мускулите

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e