Оваа намирница е непроценлива е за здравјето на срцето и крвните садови

Лукот е составен дел од вкусните рецепти, но исто така е неизбежна намирница доколку сакате да се храните здраво.

Иако постојано слушаме за позитивните дејства на лукот, кардиологот д-р Стивен Гандри вели дека лукот е една од најпотценетите намирници кога станува збор за здравјето на срцето и крвните садови.

„Лукот не е само обичен пробиотик кој што овозможува „цветање“ на цревните бактерии. Има и моќно антибактериско дејство поради што оние кои што често јадат лук имаат помалку наслаги на артериските ѕидови“, изјавил д-р Гандри.

Во што е тајната?

Д-р Гандри ја застапува инфективната теорија на болеста на срцето, односно теоријата по која што одредени бактерии, вируси и паразити предизвикуваат наслаги на ѕидовите на артериите и ја загрозуваат нивната состојба, а сето тоа води кон кардиоваскуларните болести.

Атеросклерозата и болестите на артериите настануваат токму поради тие наслаги, а лукот како моќен сојузник на организмот во борбата против таквите „напаѓачи“ им помага на нашите крвни садови да се исчистат од нив.

„Луѓето кои што јадат лук имаат помалку такви наслаги. Имав пациенти на кои што им предвидов грозни резултати на компјутерска ангиографија, а кога го направивме тоа, тие немаа наслаги“, вели Гандри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e