Оваа комбинација на лекови е штетна по здравјето

Постои висок ризик од погрешна комбинација на лекови, што може да доведе до сериозни и опасни последици.

Ако можеме да купиме лек во аптека без рецепт, повеќето од нас мислат дека не може да ни наштети, инаку не би ни бил лесно достапен. Не сме ни свесни колку е комплицирана ситуацијата. Имено, постои висок ризик од погрешна комбинација на лекови, што може да доведе до сериозни и опасни последици.

Експертите именуваа еден таков „лош пар“, кој и тоа како е штетен по здравјето.

Ако редовно земате антихистаминици за лекување на алергии, не треба да ги комбинирате со лекови против гадење при возење што многумина ги земаат пред долгите патувања, особено во текот на зимата. Експертите истакнуваат дека овие два лека можат да предизвикаат ненадејна и силна поспаност, која може да биде многу опасна доколку сте на пат, особено ако возите.

Факт е дека овие лекови може да предизвикаат блага поспаност кога се земаат, а нивната комбинација ја удвојува количината на активната состојка.

„Бидете внимателни кога комбинирате антихистаминици против алергии, како што е дифенхидрамин, со лекови против гадење како што е драмин. Нивните слични активни состојки можат да доведат до прекумерна поспаност“, вели Никол Гатас, доцент по фармакологија.

Добрата вест е дека ако веќе земате антихистаминици, тие можат да помогнат при гадењете предизвикано од движење во возило.

„Ако антихистаминиците не се доволно ефикасни за лекување на мачнини при движење, може да се префрлите на лекови со друга активна состојка што не предизвикува поспаност“, додава Гатас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e