Оваа храна треба да ја избегнувате ако имате аксиозност

Во светот расте бројот на луѓе кои страдаат од анксиозност, депресија и слични проблеми. Многу фактори можат да влијаат на појавата и развојот на овие и слични болести и нарушувања.

Меѓу другото, храната и пијалоците што ги консумираме може да ги влошат или предизвикаат овие состојби.

Овошните сокови кои се полни со шеќер, алкохолот и брашното може да бидат дел од тие несакани намирници.

Многу луѓе мислат дека овошните сокови се здрави, но реалноста е поинаква. Овие пијалоци често содржат големи количини на шеќер, па кога ги пиеме доаѓа до излив на енергија за краток временски период, но и нагло опаѓање на истата.

Експертите препорачуваат редовно консумирање цело овошје и вода за пиење.

Кога станува збор за алкохол, понекогаш пијалок или два може да помогнат да се опуштите. Меѓутоа, не се препорачува прекумерно консумирање. Недостатокот на сон и мамурлакот од пиење може да предизвикаат чувство на анксиозност.

Газираните пијалоци се исто така на листата помалку сакани намирници. Многумина избираат диетални верзии на овие пијалоци, мислејќи дека се поздрави и подобри опции. Сепак, овие пијалоци сè уште содржат кофеин, кој може да ве натера да се чувствувате нервозни.

Белиот леб и преливите за салата треба да се консумираат умерено. Во спротивно, тие може да ги влошат чувствата на страв или депресија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e