Оваа храна ги прави луѓето посреќни

Кај многу луѓе, кога ќе помислат на омилената храна, се буди чувство на среќа и задоволство. Поттикната од тоа, една германска компанија која се занимава со достава на храна, одлучи да спроведе интересно истражување на оваа тема.

Студијата е спроведена во текот на 2020 година, а во неа учествувале 2.158 испитаници кај кои се анализирани емоциите кон храната што им е доставена.

Во текот на истражувањето се следени нивните реакции пет минути пред достава на храната и пет минути откако ја изеле храната. Фокусот бил поставен на 11 различни видови кујна.

Овие пет видови храна најмногу предизвикуваат среќа кај луѓето:

5. Кинеска храна

Истражувањето покажа дека нарачување храна од кинески ресторан ги прави луѓето посреќни дури за 58 проценти. На луѓето многу им се допаѓа разноликоста на кинеската кујна, поради што и често нарачуваат.

4. Тајландска храна

Според реакциите на испитаниците, доставата од ресторан со тајландска кујна го зголемува чувството на среќа за 64%.

3. Хамбургери

Хамбургерите се популарни во целиот свет. Германската студија наведува дека некои луѓе се чувствувале посреќни за 70% откако изеле хамбургер.

2. Суши

Иако повеќето не сакаат да јадат суши, односно сирова риба, сепак дури 73% од луѓето се почувствувале посреќни откако ќе го изедат оброкот, покажа студијата.

1. Индиска храна

На врвот на листата се наоѓа индиската храна. според истражувањето, таа ги прави луѓето најсреќни, така барем одговориле 83% од испитаниците.

Здравите состојки кои се користат во оваа кујна ги подобруваат расположението, здравјето и меморијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e