Оваа храна е одговорна за витата линија на Џулија Роберетс

Појадокот на актерката Џулија Робертс е одличен за слабеење, но и за убава кожа и коса – особено овие две намирници.

Џулија Робертс има 53 години, а нејзината витка линија и затегнатата кожа прават да изгледа значително помладо. Многумина се прашуваат како ѝ успева тоа, а актерката во едно интервју открила кое е нејзиното правило кога станува збор за исхраната.

„Воглавно избегнувам глутен. Се трудам да јадам здрава и органска храна“, истакнала Робертс.

Таа открила и како изгледа нејзиното просечно дневно мени:

Појадок: тост, авокадо, едно јајце, боровинки, кафе и кокосова вода

Ручек: салата со грилувано пилешко

Вечера: див лосос, авокадо, интегрален ориз и чаша вино

Интересно е што Џулија за појадок бира две суперздрави намирници – авокадо и боровинки. Авокадото е богато со бројни витамини и минерали, содржи повеќе калиум од бананата, полно е со влакна и антиоксиданти и го намалува апетитот, па се смета за една од најдобрите намирници за слабеење.

Боровинките содржат антиоксиданти и флавоноиди, го забавуваат стареењето, го чуваат срцето, го подобруваат видот и ја подобруваат работата на метаболизмот.

Џулија Робертс не се придржува до строгите диети, па себеси си дозволува и уживање во чоколаден колач. Како што истакнува таа, не усвојува здрави навики само поради изгледот, а убавината никогаш не ѝ била главен приоритет.

„Тајната на убавината е убаво да мирисате и секогаш да имате насмевка на лицето“, вели Џулија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e